Јапонскиот министер за економија поднесе оставка заради обвинение за корупција
Јапонскиот министер за економија Акира Амари поднесе оставка заради тврдењата дека добил поткуп од градежна компанија, пренесоа американските медиуми.
Скандалот изби по информацијата на списанието „Викли буншун“ дека Амари и неговите соработници добиле најмалку 12 милиони јени (103.000 долари) од една неименувана градежна компанија под форма на гостопримство.
Амари досега важеше за еден од членовите во Владата на Шинѕо Абе со најголема доверба во јавноста. Тој беше и водечкиот јапонски преговарач во преговорите за спогодбата за Транстихоокеанско партнерство (ТТП).
Амари ги негираше обвиненијата за корупција, но се извини дека предизвикал загриженост и забуна и рече дека се чувства одговорен за тоа што ја поткопал довербата на општеството во јапонската Влада.
Јапонскиот премиер Абе соопшти дека го номинира Нобутеру Ишихара за функцијата на Амари.
Ишихара (58) веќе беше министер во Владата на Абе. На крајот на 2012 година тој беше именуван за министер за животна средина и нуклеарна безбедност и на таа функција остана до септември 2014 година. Тој е син на поранешниот гувернер на Токио Шинтиро Ишихара.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец