Јапонскиот император Акихито размислува да абдицира

Јапонската државна телевизија „Ен Ејч Кеј“ јави дека 82-годишниот император Акихито размислува да абдицира во наредните години.
Телевизијата ја добила информацијата од неколкумина извори од Агенцијата за управување со делата на јапонскиот императорски двор, забележа ТАСС.
Во последните години поради влишување на неговата здравствена состојба, Акхито беше принуден да се откаже од низ негови општествени ангажмани и да ми ја отстапи на принцот престолнината Нарухито.
Во случај императорот Акихито да реши да се откаже од престолот, ќе треба да се направи промена во јапонските закони, кои ги уредува императорското семејство, бидејќи тие не предвидуваат абдицирање.
Според традицијата престолот се предава по смртта на императорот, на неговиот најстар син, потсетува ТАСС.
Последното абдицирање на јапонски император се случило пред околу 200 години.
Ново на Сител
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
