-->
-->
Јапонски медиуми: Без гледачи на отворањето и затворањето на ЛОИ
-->
Организаторите на претстојните Летни олимписки игри во Токио имаат намера да им забранат на обичните гледачи да присуствуваат на церемониите на отворање и затворање. Тоа го објави денеска весникот „Асахи”.
Според медиумот, тоа прашање во моментов се финализира. Во исто време, претставниците на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и членовите на странските делегации ќе можат да присуствуваат на церемониите.
Се проценуваше дека ќе има околу 10.000 гледачи, но организаторите имаат намера да го намалат нивниот број. Ова се очекува да биде официјално објавено по резултатите од пленарниот состанок на организаторите, е закажан за 8 јули.
Олимписките игри во Токио требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година. Поради пандемијата, трките беа одложени за една година; тие ќе се одржат од 23 јули до 8 август. На 20 март, организаторите конечно решија игрите да се одржат без странски навивачи. На 21 јуни беше поставена граница од 10.000 луѓе за локалните гледачи. Искористеноста на спортските објекти за време на натпреварот не смее да надмине 50 проценти
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
