Јапонски грант за проекти за мигрантската криза и за штети од поплави
Со грант од Јапонија во вредност од 302.020 евра во Македонија ќе се финансират пет проекти за помош во справувањето со мигрантската криза и за санирање на штетите од минатогодишните поплави.
Корисници на парите Општата болница во Гевгелија, Здравствениот дом во Берово, ОУ „Св.Кирил и Методиј“ од Кочани и општините Кривогаштани и Куманово. Нивни претставници денеска потпишаа договори за грантови со Огисавара Мицувори, координатор за проектите во Канцеларијата за врски во Скопје при Амбасадата на Јапонија од Виена.
- Оваа година Јапонија става акцент на реновирањето на објектите оштетени од поплавите пред една година и помош за Македонија во справувањето со мигрантската криза. Сигурни сме дека овие проекти се во согласност со потребите на граѓаните на Македонија, рече Мицувори.
Тој очекува продлабочување на соработката со отворање амбасада на Јапонија во Македонија за што очекувале одобрување од Парламентот.
Според договорите, со грант од 70.296 евра ќе се реновира Одделението за гинекологија и акушерство во Гевгелиската болница, каде треба да се набават неонатален инкубатор и гинеколошки кревети. Со тој проект, како што беше истакнато на потпишувањето на договорот, ќе се обезбедат соодветни услови на жените од Гевгелија, како и за жените мигрантки. Моментно капацитетите во болницата се дополнително оптоварени заради транзитниот камп за бегалци.
Предвидени се и 65.714 евра помош во управувањето со отпадот во Табановце, каде што е сместен транзит кампот за бегалци кои ја минуват границата кон Србија. Таму отпадот е зголемен за 20 проценти, а на Јавното комунално претпријатие ќе му се помогне со набавка на модерен камион за отпад и 30 контејнери. Нов камион за отпад и контејнери ќе се набават и во Општина Кривогаштани, која за таа намена добива грант од ќе 66.295 евра. Со 70.479 евра, пак, се планира да се реновира подрачното основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Горни Подлог во Кочани, а кое беше погодено од поплавите во февруари лани. Ќе се обновува и оштетената од поплавите здравствена станица во село Двориште во Берово, за што се одвоени 29.236 евра.
Грантот од 302.020 евра се одобрен преку програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“, основана од Владата на Јапонија. Преку грант програмата што во Македонија е почната во 1996 година досега се спроведени над 100 проекти во вредност од шест милиони евра.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање