Јапонската Влада предлага воведување четирдневна работа недела
Јапонската влада ги објави своите годишни упатства за економска политика, што вклучуваат нови препораки за компаниите – да им дозволат на своите работници да работат четири дена во неделата наместо пет.
Пандемијата на коронавирусот веќе донесе големи промени во начинот на работа на јапонските корпорации.
Политичките лидери сега се надеваат дека ќе ги уверат компаниите дека флексибилното работно време, онлајн-работата и растечката поврзаност можат да бидат корисни доколку останат на сила по завршувањето на здравствената криза.
Како дел од кампањата, владата смета дека со четиридневната работна недела компаниите ќе може да задржат способни и искусни работници, кои инаку ќе мора да заминат ако планираат да основаат семејство или да се грижат за постарите членови на семејството.
Четиридневна работна недела исто така ќе охрабри повеќе луѓе да добијат дополнителни образовни квалификации или дури и да преминат на дополнителни работни места покрај редовното вработување.
Властите се надеваат дека дополнителен слободен ден секоја недела ќе ги охрабри луѓето да излегуваат и да трошат, со што ќе се зајакне економијата. Исто така, се очекува дека младите ќе имаат повеќе време да се запознаат едни со други, да стапат во брак и да имаат деца, што делумно ќе им овозможи да го решат растечкиот проблем со паѓање на наталитетот.
Ново на Сител
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ