Свет
6. March 2018 - 12:01

Јапонската морнарица именуваше прва жена - командант на воена формација

Јапонската морарица именуваше денеска прва жена командант на воена ескадрила и адмиралски брод - носач на хеликоптери.

Под команда на Риоко Азуме ќе бидат четири бродови, односно илјада луѓе, меѓу кои само 30 жени.

- Не размислувам за тоа дека сум жена. Ќе ја концентрирам својата енергија на исполнување на должностите како командант, изјави Азума (44).

Одлуката на јапонската морнарица е донесена во согласност со настојувањето да се привлечат поголем број жени регрути, бидејќи во таа држава нема доволно регрути мажи.