Јапонска делегација во посета на Гевгелија
Јапонска консултантска делегација во скаутска улога на Агенцијата за меѓународна соработка „Џајка“ која е заинтересирана да помогне на две општини од Македонија и Србија кои се справуваат со бегалската криза, денеска во Гевгелија оствари средба со градоначалникот Иван Франгов.
Предводникот на јапонската делегација, Акихиро Шимомура најави дека помошта за санирање на последиците од бегалската криза ќе биде наменета за справување со цврст отпад, водоснабдувањето и здравствената заштита и токму од тие области ги доби бараните информации од градоначалникот Франгов, кој ја нагласи потребата на општина Гевгелија од уредување на нова времена депонија, подобрувањето на квалитетот на водата за пиење и обезбедување дополнителни количини на питка вода.
Акихиро Шимомура рече дека по прибирањето на информациите Агенцијата ќе изготви план за потребите во врска со управувањето со цврст отпад и медицинската заштита по што ќе се изврши и избор на општината каде ќе се реализира јапонската донација.
Јапонската делегација беше во посета уште на ЈПКД „Комуналец“ и на Општата болница во Гевгелија, каде оствари средби со директорите Убавка Вегова и Сретко Јованов.
Ново на Сител
-
Прва победа за Минесота во конференциското финале со Далас
-
Kонституиран новиот собраниски состав, Гаши нов спикер
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Дел од Ѓорче Петров и Карпош без струја
-
Путин: Оружјето со долг дострел за Киев може да има „сериозни последици“ за Европа
-
УНРВА: Речиси еден милион Палестинци го напуштиле градот Рафа во последните три недели
-
Примена на смртната казна во светот на највисоко ниво од 2015 година
-
Состојба на патиштата