Јапонија тврди дека кинески проектили паднале во нејзината економска зона
Јапонија тврди дека најмалку пет балистички ракети истрелани денеска од Кина кон Тајван паднале во нејзината ексклузивна економска зона во Јапонското Море.
Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека тоа е „првпат кинеска воена балистичка ракета да слета во нивните води“.
– Ова е сериозно прашање што се однесува на националната безбедност на нашата земја и народ, рече Киши.
Кјодо њуз објави дека Токио упати протестна нота до Пекинг поради инцидентот.
Незадоволна поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, кинеската војска истрела проектили околу самоуправниот остров.
Кинескиот „Глобал тајмс“ објави дека ракетните сили на Народноослободителната армија (ПЛА) лансирале „повеќе видови конвенционални ракети во неколку специфични морски региони источно од Тајван, прецизно погодувајќи ги целите“.
„Со лансирањето на проектилите тестирана е прецизноста на нападот и способноста за одвраќање на ракетните сили во оваа област, изјави портпаролот на ПЛА, додавајќи дека релевантната контрола на морето и воздушниот простор во близина на источниот брег на Тајван била укината откако проектилите прецизно ги погодиле целите.
Министерството за одбрана на Тајван потврди дека кинеската војска лансирала „неколку балистички ракети во водите околу североисточниот и југозападниот Тајван“ околу 13:56 часот по локално време.
„Националната армија на Тајван веднаш ја сфати динамиката на лансирањето, ги активираше релевантните одбранбени системи и ја зајакна борбената готовност“, соопшти Министерството.
Кина денеска започна големи воени вежби околу Тајван, кој Пекинг го смета за отцепена провинција, а вежбите ќе продолжат до недела.
Воениот одговор доаѓа откако Пелоси во вторникот престојуваше во ненајавена посета на Тајван, што го налути Пекинг, кој смета дека тоа е повреда на кинескиот територијален интегритет.
Ново на Сител
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата
-
Депонијата Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина
-
Жена од кавадаречко предизвикала пожар на отворено палејќи стари предмети
-
Турчин тешко повреден додека работел во фабрика во неготинско
-
Нестабилно време со повремен дожд и грмежи до крајот на неделава
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица