Јапонија се подготвува да купи 150 милиони дози од вакцината на Новавакс
Јапонија ќе купи 150 милиони дози од вакцината на Новавакс против Ковид-19. Јапонската компанија Такеда се очекува да развие шема за дистрибуција на лекот кон почетокот на следната година.
Вредноста на договорот не е соопштена, бидејќи зависи од тоа дали вакцината ќе биде одобрена од Јапонија. Такеда ќе спроведе локални испитувања на препаратот.
Досега, Јапонија одобри употреба на вакцините на Фајзер/БиоНТек, Модерна и Астра Зенека.
За разлика од mRNA производите на Фајзер/БиоНТек, Модерна и Кјурвак, вакцината на Новавакс со две дози се потпира на потрадиционална техника, користејќи протеини за пренесување делови на коронавирус, направени безопасни за да предизвикаат имунолошка реакција.
Тоа значи дека овој препарат не треба да се чува на екстремно ниски температури, што потенцијално му дава логистичка предност.
Американската компанија Новавакс објави дека нејзината вакцина е 90 проценти ефикасна против коронавирусот, што се базира на студија во Северна Америка. Регулаторите на САД и ЕУ се уште не ја оценија ефикасноста на вакцината.
Минатиот месец, Европската комисија соопшти дека потпишала прелиминарен договор за набавка на 200 милиони дози од оваа вакцина, но спроведувањето на договорот зависи од одобрувањето на европското регулаторно тело.
Ново на Сител
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија
-
Тетовчанец загинал на скопска обиколница откако излетал од патот
-
Студенти и граѓани денеска ги блокираат трите мостови во Нови Сад
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог