Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“

Јапонија денеска ја повика Кина да преземе „соодветни мерки“ откако Пекинг им советуваше на кинеските граѓани да не патуваат во земјата.
Главниот секретар на јапонската Влада, Минору Кихара изјави дека Токио „и доставил порака на Кина и категорично ја повикал да преземе соодветни мерки“. Но, тој не прецизираше какви мерки треба да преземе Пекинг.
Неговата изјава уследи откако Кина вчера им препорача на своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка Санае Такаичи дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван, остров што Пекинг го смета за отцепена покраина.
Исто така Пекинг наведе дека „јапонските лидери неодамна дале отворено провокативни изјави за Тајван, кои сериозно ја нарушиле климата помеѓу народите“.
– Токио и Пекинг имаат различни ставови за Тајван и дека е важно да се одржи комуникацијата, истакна Кихара.
Кина тврди дека Тајван е дел од нејзината територија и не ја исклучува употребата на сила за да воспостави контрола врз островот, кој се наоѓа само 110 километри од Јапонија.
МИА
Ново на Сител
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
-

Разговор со Томчо Стојанов, татко на Андреј кој загина во пожарот во „Пулс“
-

Настап кој заврши како трагедија - Кобната ноќ во Пулс
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
