-->
-->
Јапонија инсталира противвоздушна одбрана поради заканите од Северна Кореја
-->
Јапонското Министерство за одбрана денеска нареди распоредување на инсталации за противвоздушна одбрана Патриот ПАК-3 на територијата на префектурите Кори, Симане и Хирошима.
Наредбата уследи по заканите од Северна Кореја дека има подготвено план за лансирање на балистички ракети кон американскиот остров Гуам во Тихи Океан.
Распоредувањето на противвоздушните системи ќе почне во текот на ноќта.
Претходно, локалните медиуми јавија дека јапонските власти планираат во најбрзо време да испратат бродови на Силите за самоодбрана, кои поседуваат системи за следење и насочување во Тихи Океан.
Противвоздушниот систем Патриот може да послужи за заштита на јапонската територија во случај ако Северна Кореја ги реализира заканите за напад врз Гуам.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо