Јапонија го зголемува буџетот за одбрана за следната година
Министерството за одбрана на Јапонија одобри рекорден буџет од 51 милијарда долари за следната година, изјави денеска официјален претставник на Владата кој бил вклучен во планирање на буџетот.
Западните медиуми коментираат дека со тоа дополнително се засилуваат тензиите во Кинеско Море и во Северна Кореја, која ги зајакнува своите ракетни погони, пренесува Танјуг.
Британските медиуми наведуваат дека растот од 2,3 отсто во однос на годинешниот буџет го побарало Министерството за одбрана за да ја засили својата одбрана во согласност со развојот на севернокорејската технологија на балистички ракети.
Неименуван извор потврди дека Министерството бара зголемување на буџетот од 100 милијарди јени за да го унапреди јапонскиот „ПАЦ-3“ ракетен систем за одбрана.
Предлог буџетот ги вклучува и трошоците за производство на блокот IIА верзијата на системот „Стандард Мисл-3“, што ќе се унапредува во соработка со САД.
Во зголемувањето на буџетот се вклучени и трошоците за засилување на јапонската крајбрежна стража на јужните острови Микојима и Амами Ошима, за да се обезбедат од активностите на соседна Кина.
Ново на Сител
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок
-
Скопје и денеска најзагаден град во Европа
-
Зеленски: Прво договор со Трамп, потоа преговори со Путин
-
Почнува судењето против Саркози поради незаконско финансирање на изборна кампања
-
ДУИ со честитка за Божиќ, но и загриженост од недостигот на волја за соживот
-
Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари