Јапонија болните од Ковид-19 ќе ги лекува со лекови за ХИВ
Јапонските научници планираат да тестираат лекови кои се користат во третирање на ХИВ за лекување на пациенти заразени со новиот коронавирус, затоа што се поголемиот број нови случаи на зараза претставува растечка закана за за економијата на земјата и за јавното здравје.
Владиниот портпарол Јошихиде Суга, на прес-конференција рече дека Владата „во моментов интензивно работи на подготовки што ќе овозможат што е можно побрзо да почнат клиничките испитувања со лекови што се користат за лекување на ХИВ на пациентите заразени со Ковид-19“.
Суга рече дека засега не може да коментира колку време ќе треба за да се одобри новиот лек.
Според јапонското Министерство за здравство, во Јапонија вчера службено се потврдени 520 заразени лица. Меѓу нив 454 луѓе се од крузерот „Дајмонд Принцес“, кој е во карантин и закотвени во пристаништето Јокохама.
Од последици од Ковид-10 во Јапонија досега починало едно лице.
Поради ширењето на заразата во земјата, постои зголемен ризик од рецесија, по што официјално Токио ги советуваше компаниите нивните вработени да работат од дома.
Научниците сметаат дека лековите против за ХИВ би можеле да бидат потенцијално ефикасни во лекувањето на сите пациенти заразени со Ковид-19.
Со оглед на тоа што ниту една терапија досега не се покажа 100 проценти ефикасна, во Кина досега починаа речиси 1.900 луѓе.
Во меѓувреме, тајландските научници и лекари објавија дека постигнале одреден успех во лекувањето на тешки случаи на коронавирусот со комбинирање на лекови против грип и ХИВ.
Кинеските власти вчера побараа од лицата кои оздравеле од Ковид-19 да дадат крв за од неа да се искористи плазма за лекување на пациенти во тешка состојба. Крвната плазма од поранешни пациенти, кои биле заразени со новиот коронавирус, содржи антитела, кои може да придонесат за намалување на неговата количина кај пациенти во тешка состојба.
– Би сакал излекуваните да донираат крвна плазма. Тоа ќе им даде надеж на пациентите, чија состојба е сериозна, изјави експертот Го Јанхун.
– На 11 пациенти, хоспитализирани во Вухан, од каде што почна епидемијата, минатата недела им беше дадена крвна плазма, прецизира Сун Јанжун од Центарот за биолошки истражувања при Министерството за наука и технологија на Кина.
– Еден од нив веќе се е пуштен од болница, а останатите успешно закрепнуваат, додаде тој.
Ново на Сител
-
Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос
-
Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк
-
Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес