Јанушев: СДСМ води политика на поделби и недемократски вредности
ВМРО-ДПМНЕ најжестоко го осудува говорот на омраза, лиферуван од експоненти на власта.
Нивото на жестината на ваквиот говор на омраза, ксенофобија и ширење на антисемитизам, е големо затоа што позади него се крие власта, СДСМ и Зоран Заев.
СДСМ води политика на поделби и политика на недемократски вредности. Токму затоа Економист ја прогласи земјата за хибриден режим што е на чекор до авторитарен режим.
Власта како свои миленичиња ги третира сите оние кои сеат омраза врз политичките противници и тие луѓе се заштитени бели мечки, било тоа да е Тричковски или некој друг.
Политиката на поделби на Заев не носи во амбис.
Станавме земја со хибриден режим, и за жал Заев од држава која почива врз антифаштистичките вредности и која е градена врз таа идеологија не претвора во неславен пример систем кој поддржува антисемитизам и говор на омраза кој не смее да се толерира.
Ваквите галеничиња на СДСМ кои тоа го прават, кои го фалат Заев во секоја прилика и целата власт со години се толерирани од институциите. ЈО со години молчи и не презема ништо.
Ги повикуваме обвинителите во Јавното Обвинителство, кои држат до себе, до законот и професијата, и не се под шапката на Јовевски и хибридниот режим на Заев, да отворат постапка против ваквите луѓе.
Очекуваме институциите да реагираат. Говорот на омраза не смее да биде толериран. До кога во оваа држава, без разлика дали се работи за некој од ВМРО-ДПМНЕ или друга партија, ќе биде толериран за говор на омраза. Секојдневно жртви се не само политички личности туку и медиуми кои се етикетираат, новинари, јавни личности, уметници, поединци.
Го повикувам и ЗНМ да се огради и да го осуди ваквиот говор на омраза.
Говорот на омраза не е сила, тоа слабост зад кој стои страв. Сето ова го покажува стравот кој СДСМ го има од претстојниот пораз, па во паника се закануваат, заплашуваат и шират говор на омраза.
Поразот на СДСМ е неминовен и тој доаѓа на 12 април.
Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата