Јанушев: Фирмата на синот на Цветанка Иванова добила тендер да ги чисти патиштата, а немала камиони за тоа

Синот на генералниот секретар на Собранието и Цветанка Иванова, добил тендер за одржување на патиштата иако за тоа не поседувал соодветна документација, тврди Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„Имено, се работи за тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за Извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната 2019-2020 година.
Ни помалку ни повеќе, најповолен понудувач за овој тендер, на кој вредноста може да достигне и до повеќе од 300.000 евра е синот на генералниот секретар на Собранието од редовите на СДСМ – Цветанка Иванова.
Зоран Иванов, син на Цветанка е сопственик на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, а воедно истиот Иванов е и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво.
Многу е нејасно, чудно и симптоматично како баш оваа фирма предводена од синот на Иванова и бизнис партнер на Трајче Заев го доби токму овој тендер и тоа под исклучително сомнителни околности.“ – вели Јанушев.
Тој објаснува дека компанијата на синот на Цветанка Иванова не ги поседувала возилата со кои требало да се одржуваат патиштата.
„Податоците говорат дека кога одлуката за избор е донесена на 08.11.2019 година, согласно електронскиот сајт за јавни набавки, нашите информации говорат дека токму во тој период фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица не ги исполнувала основните услови за добивање на тендерот кои се барало, односно не ја поседувала потребната механизација.
Во тендерската документација се бара копија од валидна сообраќајна книшка и изјава со опис за техничка опрема која економскиот оператор ја има на располагање за извршување на оваа набавка за тоа дека понуденото возило односно градежна машина е со валидна сообраќајна книшка, и ги задоволува во целост карактеристиките дадени во Техничката спецификација од постапката.
Нашите информации говорат дека дури после две недели, Зоран Иванов и фирмата „ДИКОР ЦД“ ја набавиле од грчка фирма потребната механизација и тоа под закуп. Машините се со грчки регистарски таблици и со налепници од грчката фирма сопственик. Ова не потсетува на случајот каде камионите на Вице Заев возеа за „СВ ИНВЕСТ“ во РЕК Битола.
Прашуваме, дали најпрвин е добиен тендерот од страна на Зоран Иванов, а дури потоа е обезбедена целокупната механизација “ – вели Јанушев.
Ново на Сител
-

Македонските кикбоксери во поход на балкански медали: 108-члена репрезентација ќе настапи во Нови Сад
-

Второ порибување на Маврвско Езеро во пресрет на Светско првенство во риболов на крап
-

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини
-

Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање, непроменети кај поштенските и курирските
-

Изминатите 24 часа во Крушево 34 литри дожд на метар квадратен
-

Тедрос: Конфликтот во источно ДР Конго е најголема пречка за запирање на еболата
-

Од идната сабота полагањe на матурата - три типа според видот на образованието
-

Мицкоски на отворање на „Mega shopping Park“ во Гевгелија
