Свет
13. March 2017 - 15:23

Јанош Адер реизбран на функцијата претседател на Унгарија

Унгарскиот парламент го реизбра Јанош Адер од партијата Фидес за претседател за втор петгодишен мандат.

Адер (57) кој е правник беше сојузник на премиерот Орбан откако беше избран на таа функција во 2012 година. Адер беше избран денеска на второ гласање со 131 глас. Противкандидат од опозицијата, Ласло Мајтени доби 39 гласови.

Со мали исклучоци, Адер ја поддржува политичката програма на Орбан. Во Унгарија овластувањата на претседателот се многу ограничени и не се очекува тој да го оспорува политичкиот курс на Фидес, наведуваат аналитичари.