Тенис
14. September 2015 - 19:44

Јанкуловски преку Деари на фјучрсот во Ниш

Пласман на главниот турнир на фјучрсот во Ниш избори Бојан Јанкуловски. Тој во последното коло од квалификациите беше подобар од Шендрит Деари и го совлада со 2:0 во сетови (6:1 и 7:6 (7:5)). Последното квалификациско коло не успеа да го мине Теодор Дељановски, кој загуби од Марк Дијкхуизен со 2:0 во сетови.

Јанкуловски во првото коло ќе игра против Унгарецот Виктор Филипенко, кој исто преку квалификации избори палсман на турнирот.
 
Утре меч во двојки ќе има и нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски, кој со Филипено ќе играат против Грбиќ (Србија) и Трендафилиов (Бугарија).
Јотовски на турнирот настапува и во сингл конкуренција, каде како петти носител ќе игра против 16-годишниот тенисер од Србија Игор Баничевиќ.