Тенис
15. September 2015 - 15:16

Јанкуловски поразен во првото коло во Ниш

Младиот македонски тенисер Бојан Јанкуловски, го загуби мечот од 1.коло на фјучрсот во Ниш (награден фонд 10.000 долари) од Виктор Филипенко од Унгарија со 2:1 во сетови, иако имаше водство од 1:0. Првиот сет Јанкуловски го доби со 6:3 во гемови, а следните два ги загуби со 7:5 и 6:1. 

На овој фјучрс настапува и Томислав Јотовски, кој како носител број 5 ќе игра против Србинот Игор Баничевиќ. Јотовски попладнево ќе настапи во игра на двојки со Унгарецот Филипенко.