-->
-->
Јаневски: Треба да извлечеме поуки од убедливиот пораз од Зенит
-->
По убедливиот пораз од Зенит (0-5) во првиот меч од групната фаза на Лига Европа, тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски, призна дека неговите оизбраници со грешките кои ги направиле му помогнал на Зенит да победи.
- Ние знаевме дека играме со силен противник, Зенит е фаворит не само во групата, туку и во ова натпреварување. Ние им помогнавме на нив, со примените два гола во краток период. Го почнавме натпреварот со 0-1, затоа што за пет минути ако примиш гол, многу е тешко да се вратиш. Тоа беше еден мал шок за нас. Во 20.минута примивме и втор гол со што се сруши целата игра. Подобриот тим денес победи, а ние треба да извадиме поуки од овој натпревар и да не грешиме на наредните мечеви во Европа, изјави Јаневски по средбата.
Вардар нема да има многу време за корекции. Следниот меч црвено-црните ќе го играат веќе за две седмици (28 септемри) и тоа на гости во Норвешка против Розенборг кој синоќа загуби со 4-0 на гостински терен кај Реал Сосиедад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во невреме во САД
-
Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани
-
Одземена биста од гробиштата во Бутел
-
Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места
-
МЕРСМ: Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика
-
Синер и Алкараз во финалето во Рим
-
Пукал со воздушна пушка кон деца кои береле цреши во неговиот двор, приведен 69-годишник
-
Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин