Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
Министерката за образование и наука Весна Јаневска во однос на реакциите за концептот на гимназиско образование вели дека целта на новиот концепт е на прво место да дојдат афинитетите на учениците, а со тоа да се дојде и до подобар успех во македонското образование.
-Причините за промената на концепцијата на гимназиското образование, е тоа што таа 24 години во Македонија не е променета. Целото општество се согласува дека е потребна промена и ние, заедно со Бирото за развој на образованието, понудивме Предлог концепција за новото гимназиско образование. Во оваа концепција во центарот е поставен ученикот, неговите афинитети кон одредени предмети или кон одредени полиња, области кои ќе побудат кај него интерес и желба за учење. Познато е дека, за жал, нашите ученици не покажуваат добри резултати на меѓународните, па и на домашните тестирања. Се надеваме дека со еден таков концепт учениците кои пројавуваат интерес за одредени предмети ќе покажат и подобар успех, затоа што со желба ќе ги совладуваат знаењата и вештините и компетенциите од тие предмети, наведува министерката во интервју за „Гласот на Америка“.
За Јаневска е нормално да има реакции бидејќи, како што вели, секоја новина предизвикува бурни реакции, но нагласува дека се работи за драфт веризија која е ставена на јавна расправа и се очекуваат предлози од стручната фела.
Не ја исклучува можноста за промени во концептот.
-Во контакт сме со Бирото за образование, кое дефакто е стручното тело да создава и предлага концепти, наставни планови и програми. Немавме сериозна средба до сега, но ќе оствариме. Во првичните контакти, да ние сме расположени да направиме некакви промени, нагласува Јаневска.
Вели дека не се укинуваат предметите Етика и Логика и дека тие се дел од Филозофија.
-Не се укинуваат предметите. Во предметот Филозофија, со по 2 часа во 3. и 4. година, составен дел се и Етика и Логика. Ако професорите учествуваат во создавање на наставната програма, Министерството не може да им се меша во тоа што тие ќе вметнат во програмата и што ќе предаваат. Ако кажеме дека поединечно нема Етика и нема Логика да, меѓутоа има Филозофија во која може да се предава и Етика и Логика. Од тука, не гледам дека е тоа сериозен проблем. Проблемот е што тие предмети во 3. и 4. година ги ставивме како изборни, односно обврзувачки изборни предмети. Од група на шест (предмета) детето да избере два, а од друга група на 3 или 4 (предмета) ученикот да избере два предмета, на кои ќе се посвети, појаснува Јаневска.
Додава дека јавната расправа ќе продолжи и дека ќе се разработува концепцијата.
Ново на Сител
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД