Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2030 ќе биде донесена на почетокот на јануари

Стратегијата за образование 2026-2030 ќе остане на Нациоанлниот регистар на прописи (ЕНЕР) до 31 декември за да се добијат уште препораки и сугестии и по празниците во јануари ќе биде донесена. Откако ќе биде објавена конечната верзија на Стратегијата, министерот ја потпишува, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Откако е поставена на ЕНЕР, рече, до овој момент стигнале многу малку препораки кои не се суштински и најголем дел од нив ќе бидат вградени во документот.
-Има само еден проблем кој се појавува – неколку невладини организции реагираат на употребата на зборот род, кој во Стратегијата е децидно употребен да направи разлика помеѓу машкиот и женскиот пол, а го има и во многу други стратегии и документи. Сметам дека конечно треба да го расчистиме тоа, имаме Катедра за родови студии, имаме наука за родови студии, еднаквост меѓу половите, мажите и жените итн, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по промовирањето научно-истражувачки центар „Знаење+ СО2-“ на Градежниот факултет во Скопје.
Како што рече, друг проблем во врска со Стратегијата нема, но и овој нема да биде причина документот да се повлекува или да се пролонгира неговото донесување.
-Употребата на терминот род е соодветна и се однесува на разлика меѓу машкиот и женскиот пол. Тоа не може да биде причина за повлекување. На Стратегијата се работи повеќе од шест месеци, со сто учесници во работната група, со странски партнери, домашни институции, со три направени јавни расправи и илјадници анкетирани, не може тоа да биде причина за повлекување на стратегијата, посочи Јаневска.
Додаде дека Стратегијата 2026-2030 треба да биде континуитет на она што е веќе почнато како реформа во образовниот систем.
-Очекуваме да се подобри инклузивноста во предучилишните установи затоа што таму имаме малку дисбаланс со ЕУ и треба да го зголемиме опфатот, треба да ги зголемиме капацитетите за едносменска настава, инклузијата на децата со посебни образовни потреби во образовниот систем, зајакнување на капацитетите на наставниците, продолжуваме со промена на наставните програми соодветно на барањата на модерното време и пазарот на труд. Воведуваме постсредно образование, една година специјалистичка во средно стручното, но и проодност од средното кон универзитетите и воведуваме кратки стручни студии на факултетите со продоодност до завршување на факултет, истакна Јаневска.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
