Јаневска: Не сме спремни за новата учебна година
Не сме спремни за новата учебна година така како што треба. И ќе почнам од најважното, а тоа се учебниците по закон учениците треба да имаат готови спремни учебници, тоа не е така и оваа година. Учебниците се основна алтака која им помага на учениците да стекнат знаење и затоа ова е едно од горливите прашања, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ не убедува дека се е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така.
„Министерот за тоа што нема книгу бара грешки кај сите, националната комисја, рецензентските комисии, педагошката служба, се е можеби така, ама сите тие се под негови ингеренции. Надлежните се вадат едни на други. Можеби и не треба да ги прават програмите и се надевам дека наскоро ќе се сменат работите. Еден од креаторите на новата концепција кажа дека концепцијата е веќе пропадната, а тој човек ја промовираше како револуционерно откритие за по две години да кажат дека е пропадната“, вели Јаневска.
Професорката посочува дека наставниците се во недоумица никој не им објаснил, да не релам во паника.
„Станува збор за интегрирање на предметите и во шесто има предмет историја и општество, а во тој има три модули историја, географија и граѓанско образование, и во прво полугодие се учи историја историја па потоа историја дури во седмо, а во второ полугодие во шесто ќе има географија и граѓанско образование. Ние немаме професор кој може да предава историја, географија, граѓанско образование и на пример професорот по историја во второ полугодие треба да предава изборни предмети и децата ќе се насочуваат по тоа што може да предава наставникот, а не што сакаат деца. И не е само кажи му на наставникот за да не изгуби часови предвај фотографија, ќе седне и ќе чита, ама тоа не е целта“, вели Јаневска.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО