Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации

Образовниот систем преку теми и содржини во наставните програми ги образува младите да бидат еколошки едуцирани, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска при учеството во акцијата Генералка викенд во Скопје кај Скопскиот аквадукт.
Во акцијата денеска се вклучија, претседателката Гордана Силјановска Давкова, општините и Зеднициата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС, амбасадори, волонтери на Црвен Крст и компанијата Пивара Скопје.
- Сите ние имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации, со што ќе ги намалиме предизвиците, со кои тие во иднина ќе се соочат, рече Јаневска.
Таа се заблагодари на организаторите, но и на сите спонзори на големата еколошка акција Генералка викенд. Таа се надева дека акцијата ќе продолжи, а идните генерации ќе се однесуваат кон природата како одговорни граѓани.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: БРТ ќе почне да се гради идната година, до крајот на мандатот ќе биде функционален
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
