-->
-->
Јаневска: Го повикуваме МВР да си ја работи работата, да ги обезбеди училиштата 24 часа
-->
Наставата е во комплетен прекин. Дојавите за бомби достигнаа бројка од 45 училишта. Родителите на основците револтирани од неспособноста на Владата, секојдневно ги напуштаат работните места за да си ги приберат децата и да ги остават сами дома за да продолжат со онлајн настава. Онлајн настава нема, Тимсот паднал. Оној Тимс кој требаше да го користат децата уште во Корона кризата, имало проблеми со лиценцата. Толку од дигитализацијата.
Родителите на социјалните мрежи се организираат да протестираат под мотото "Доста со експерименти со нашите деца". МВР молчи, МОН молчи.
Почитувани, 4 години во Македонија образованието е во колапс. Штетата е трајна и ненадоместлива. Децата ја плаќаат цената на неспособноста на Владата. Овие деца еден ден ќе треба да ја носат на свој грб државата, нашата татковина. Но, очигледно Владата тоа не ја интересира. Таа со денови се реконструира.
Го повикувам МВР да си ја работи работата и да ги обезбеди училиштата 24 часа и неспособноста да не ја затскрива со изјавата дека сме во хибридна војна. Го повикувам и МОН под итно да изнајде начин да се надокнади пропуштеното додека сеуште има барем малку време.
Всушност најдобро за сите нас е веднаш да се распишат избори и да се смени власта, зато што почитувани во државава настава нема, ама и леб нема.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
