Јане Ченто се извини за инцидентот во ќелијата во Шутка
Притвореникот Јане Ченто во писмо до управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари признава дека погрешил и дека е виновен за инцидентот на 18 јануари годинава, кога при вонреден претрес на неговата келија предизвика тепачка откако му беше пронајден мобилен телефон што одбивал да го предаде.
Во писмото до директорот и вработените во затворот, притвореникот Ченто наведува дека тој лично ја прифаќа одговорноста за постпката која е резултат на негово погрешно однесување, и го нуди своето извинување за предизвиканиот инцидент и бара да му биде простено за грешката, информираат од Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари.
Притвореникот Ченто во писмото, исто така, упатува и барање да биде вратен во собата во која бил пред настанот со кој го наруши редот во затворот.
Од управата на затворот информираат дека ќе биде разгледано неговото барање и наскоро ќе го извести притвореникот за одлуката.
Јане Ченто е еден од обвинетите, кои се наоѓаат во притвор, за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!