Македонија
17. April 2020 - 12:12

Јанчев: Да останеме сите дома за време на овој голем празник

Да останеме сите дома за време на овој голем празник. Да се заштитиме  сите. Со молитва да ги упатиме сите наши искрени желби. Важна е вербата во Христа, не е важно каде се наоѓаме, посочува во празничната честитка градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

– Во овие тешки времиња, кога цел свет се бори со болеста која одзеде многу човечки животи, денес, да си посакаме убави желби. За жал, оваа година, овој голем празник ќе го прославиме поинаку од вообичаено. Ако до сега сите си посакувавме на Велигден да се сплотат семејствата, денес посакуваме секој да остане во својот дом. Христовото воскресение не води кон патот кој ни покажува дека светот може да се промени, дека секогаш по лошото доаѓа добро. Да се надеваме на подобри денови. Да се надеваме дека божјата сила е над се и над сите нас, се вели во празничната честитка на Јанчев.

Тој посакува здравје за сите, сите да имаат верба, љубов и надеж, за, како што се вели во честитката, подобрите времиња што ги очекуваме.