Јанакиески на судење за „Топлик“
Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, каде првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште.
На претходните рочишта обвинителите на СЈО ги пречитаа 608-те материјални докази во врска со предметот, а беа преслушани и неколку телефонски разговори, кои произлегуваат од следењето на комуникациите.
Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.
Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.
Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра./МИА
Ново на Сител
-
Естонија привремено ја затвора североисточната граница со Русија
-
Мартинез: Роналдо е во португалската репрезентација затоа што тоа го заслужува
-
Во новата Влада ќе има 20 мажи и три жени, просечната возраст 47 години
-
Осум пожари во изминатото деноноќие, активен пожарот кај кичевското село Цер
-
Собранието ја почнува седницата за избор на новата влада предложена од Мицкоски
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“
-
Неделен возен ред на јавниот превоз, ќе работат и билетарниците