„Јами дистрикт“ ќе го отвори 11.издание на ИТФ „Лица без маски“
Претставата „Јами дистрикт“ во режија на Кокан Младеновиќ од Србија ќе го отвори 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ што почнува на 12 април во Домот на АРМ во Скопје.
„Јами дистрикт“ е претстава работена во форма на лажен документарец. Во неа се зборува за бесмисленоста на националните поделби во 21 век, кога науката и технологијата одат напред, а во светот владеат транснационални компании.
Раскажува приказна за настан од село Јамина, најстара палеолитска населба во историјата на човештвото, каде НАСА кажува дека е пронајден скелет од најстариот човек на планетата. Бидејќи се наоѓа на територија на три држави: Србија, Хрватска и БиХ, секоја се обидува да го присвои.
- Сакавме да направиме нешто радикално, нешто што требаше да биде наш страв од следна војна. Ние во Србија, Босна и Хрватска немаме само исти политики. Имаме и исти луѓе кои ги направија војните во 90-те. Таа повишена реторика, коцкањето со туѓите животи, со туѓи глави, ќе не однесе во некоја нова катастрофа. Поради тоа го измисливме тој факт, дека три нации се борат да докажат, која е наследник на најстариот човек на светот околу археолошко наоѓалиште, вели режисерот Младеновиќ.
Таквите апсурди, истакнува, може да не одведат сите нас во нови крвопролевања, затоа што претставата се потсмева на се` што значи политичко опкружување. - Нормалните луѓе на Балканот не смеат да дозволат да ни се повторат 90-те, порачува Младеновиќ.
Текстот на претставата е на Милена Боговац, улогите ги толкуваат актерките Исидора Симијоновиќ, Јелена Граовац и Нина Нешковиќ, наратор е Немања Драгоша, а музиката е на групата „VROOM“.
„Јами дистрикт“ е во продукција на БИТЕФ театар од Белград, новосадскиот THINK TANK STUDIO и Фестивалот Maszk од Сегедин, Унгарија.
Ново на Сител
-
Мадбули: Египет внимателно ја следи ситуацијата во регионот по израелската воена операција во Иран
-
Реакции на земјите ширум светот на израелскиот напад врз Иран
-
Возејќи мопед под дејство на алкохол удрил во малолетничка, приведен возач во Радовиш
-
Израел соборува ирански дронови над Саудиска Арабија
-
Апел на МНР: Избегнувајте патувања во Израел и Иран
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Се трага по Владимир од Штип
-
Повеќе од 200 борбени авиони учествуваа во нападите врз Иран
-
Откажани летови низ Блискиот Исток