Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, кој ќе паузира неколку недели поради повреда на десниот зглоб, изјави дека процесот на рехабилитација се одвива според планот и оти „ќе се врати уште посилен“.
„Јас сум во процес на опоравување и сигурен сум дека ќе се вратам подобар и со поголема желба. Ќе се вратам посилен од кога било“, порача 17-годишниот шпански напаѓач во видеото кое го објави Барселона на својот профил на мрежата Икс.
Јамал, кој оваа година со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство, се повреди на 15 декември при поразот на Барселона на домашен терен од Леганес (1:0). Каталонскиот клуб процени дека тој ќе биде надвор од терените три до четири недели.
Младиот Јамал е клучен играч на Барселона, а оваа сезона на 20 натпревари забележа шест голови и 12 асистенции.
Барселона е без победа на последните три натпревари во шпанското првенство и во моментов е третопласирана со 38 бодови, три помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски, дали државниот Јавен обвинител ќе биде разрешен?
-
Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу
-
„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ