Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, кој ќе паузира неколку недели поради повреда на десниот зглоб, изјави дека процесот на рехабилитација се одвива според планот и оти „ќе се врати уште посилен“.
„Јас сум во процес на опоравување и сигурен сум дека ќе се вратам подобар и со поголема желба. Ќе се вратам посилен од кога било“, порача 17-годишниот шпански напаѓач во видеото кое го објави Барселона на својот профил на мрежата Икс.
Јамал, кој оваа година со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство, се повреди на 15 декември при поразот на Барселона на домашен терен од Леганес (1:0). Каталонскиот клуб процени дека тој ќе биде надвор од терените три до четири недели.
Младиот Јамал е клучен играч на Барселона, а оваа сезона на 20 натпревари забележа шест голови и 12 асистенции.
Барселона е без победа на последните три натпревари во шпанското првенство и во моментов е третопласирана со 38 бодови, три помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?
-
Момчето херој Јован Костадинов во посета на Бигорски манастир