Јаков е првороденчето во Скопје, неколку секунди по него се роди и девојче во Чаир

Министерот за здравство Арбен Таравари, неговата сопруга Нора, заменик министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Рози Мицкоски, како и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, го посетија Јаков - првороденото бебе на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје.
- Ако денот се познава по утрото можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по Новата година ние го породивме Јаков. На свет дојде жив машки плод со родилна тежина од 3190 грама и 50 см. Мајката е Сања Талевска. Јаков по името навестува убава и јака година, која се надевам на сите ќе ни биде плодна и бериќетна Им посакувам на Сања и Јаков да имаат среќни и успешни мигови. Воедно и на сите граѓани на Република македонија, рече директорката на Клиниката Ирена Алексиоска Папестиев честитајќи им ги Новата година и Божините празници.
Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека оваа 2025 година по се изгледа дека ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца - првото момче, на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.
- Чест ни беше што вака заедно и со Министерството за социјална политика и сопругата на премиерот и директорката ги видовме и мајката и детенцето. И двајцата изгледаат убави перфектно задоволни од услугите кои ги добиле од Универзитетската клиника за гинекологија, рече Таравари поскаувајќи среќни празници на сите граѓани.
На новинарско прашање дали има некој неформален натпревар со царски рез да се породи бебе само за да биде прво во Новата година, министерот Тараравари отфрли таква можност.
- Воопшто не верувам во тоа, нашите доктори се професионалци. Битно е што повеќе деца да ни се раѓаат, тоа е најважно. Ние имавме група во која што добивавме информации од двете клинии во Скопје. За среќа, во иста минута добивме информација за породено дете и на Гинекологија и во Чаир, така што да се множат вакви вести да имамме штпо повеќе новородени деца во секоја минута, вели Таравари и најави дека по ГАК заминуваат во посета и на девојченцето во Чаир.
Директорката Алексиоска Папестиев изјави дека во новата година веќе се родени пет бебиња, а дежурната екипа имала доста напорно дежурство кое почнува од 13 часот, минатиот ден имале осум породувања.
- Лани завршивме со 3873 новородни. Значи секоја година се помал е овој број, но процентуално минатата година е и поголем, оти за жал во целата држава се помалку се раѓаат. Но, се надевам дека овој тренд ќе се промени, и дека веќе наредната година ќе се пофалиме да ја надминеме поовторно четворката, рече директорката и најави реновирање во Клиниката.
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, рече дека традиционално тие го доделуваат златникот на првородентото дете. Златник ќе добие и новороденчето во Клиниката во Чаир.
Ново на Сител
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
-

Ќе се менува ли законот со кои се регулираат инфлуенсерите?
-

„Работнички“ доби нова спортска сала по сите ФИБА стандарди
