-->
-->
Јакобсен: Мора да и се реваншираме на Македонија в недела
-->
Ракометната репрезентација на Македонија го изненади светскиот првак Данска во квалификацискиот дуел за ЕП во Скопје и ги совлада со 33-29.
Посебно изненаден беше селекторот Јакобсен кој сигурно не очекуваше вакво издание на Македонците:
-„Не бевме подготвени за ова. Направивме многу грешки во нападот и пропуштивме многу шанси за да победиме во Скопје. Со репрезентацијата сум долго време, одамна не ми се случило да загубам на ваков начин. На реваншот мора да покажеме поголема храброст“, изјави Јакобсен по мечот.
Данска која го доживеа првиот неуспех по 9 победи во низа ја пречекува Македонија в недела во Алборг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски, дали државниот Јавен обвинител ќе биде разрешен?
-
Утре состанок на социо-економскиот совет, ССМ ќе бара зголемување на платите за 6000 денари
-
Министерката Јаневска и премиерот на увид во градежните работи во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу
-
„Вкуси го Охрид локално – Празник на локалната храна, културата и занаетчиството
-
Штип „безбеден град“ – инсталација на 24 часовен видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ