Јахјага: Без политичка стабилност, нема ни економска

Косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека за да има економска стабилност во Косово, потребно е пред се треба да има политичка стабилност.
Ова оценка, како што јави дописникот на МИА, Јахјага ја даде при престојот во Пеќ, одговарајќи на прашање околу последните протести организирани во Приштина од трите опозициски политички партии - Движењето „Самоопределување“, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово.
- Улицата и насилството не се решение, нагласи Јахјага.
Таа исто така додаде дека со посетите кои ги прави низ градовите во Косово „се обидува да прибере што поголем број информаци за проблмите со кои се соочува бизнисот и граѓаните“. Како што најави, во текот на овој месец ќе ги посети сите општини во Косово.
Инаку, според елекронското издание на весникот „Експрес“, Јахјага вчера ја почнала нејзината турнеја по Косово, при што ги посетила Клин, Истог, Пеќ, Дечани и Јуник.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
