Бизнис
20. April 2022 - 16:37

Јагнешкото се продава за 120 денари поскапо од лани, месарниците полни, џебовите празни

Слабо оди слабо продажбата на јагнињата на Сточниот пазар во Битола. Се продаваат од 200 до 250 денари за килограм жива мера. Сточарите велат дека цената е многу ниска со оглед на поскапувањето на концентратот и храната.

-Луѓето мислат дека е скапо јагнешкото, но за разлика од јунешкото е поевтино. Не сме задоволни, ниска е цената. Зобта, концентратот, лицерката се е поскапено 100%. Многу е слаба потрошувачката. Некако помош нема никаква, субвенциите не се дадени, не се исплаќа. Јас имав 120 глави овци, сега имам уште 30, сега ќе ги продадам, не се исплаќа, велат продавачите на Сточниот пазар во Битола.

Цената на килограм јагнешко месо во месарниците оваа година достигна и до 460 денари. Дел од граѓаните ќе ја запазат традицијата јагнешкото месо да се најде на велигденската трпеза во зависност од буџетот. За некои пак е премногу скапо.

-Се е спремно, го чекаме денот, јагнето спремно. Малку, колку традицијата да се направи. Многу е скапо, со 9000 денари пензија не можам да купам. Нема да купиме, немаме средствас, велат битолчани.

Минатата година јагнешкото месо во месарниците се продаваше за 340 денари по килограм.