Македонија
2. December 2021 - 13:58

Ја влечел, претепал и ограбил сопругата, поднесено обвинение за гостиварец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „телесна повреда“, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетиот 32-годишен жител на Гостивар, додаваат од ЈО, при вршење семејно насилство во семејната куќа во гостиварската населба Циглана, телесно ја повредил неговата сопруга.

– На 17 август тој физички ја нападнал оштетената со повеќе удари со раце и нозе по телото и главата, ја влечел и ја соборил, па и го одзел мобилниот телефон и 5.000 денари кои оштетената ги имала кај себе, посочуваат од ЈО.