-->
-->
Ја удрило гром додека водела љубов со колега, а сопругот дознал на бизарен начин
-->

Маж на 33-годишна возраст и жена (36) од Белград се повредени кога ги удрил гром додека воделе љубов на Ада Циганлија.
Љубовниците настрадале под врбата во понеделникот вечер кога големо невреме го зафати Белград. Екипата на Брзата помош ги одвела со изгореници целосно голи во болница. По укажаната помош, мажот бил пуштен дома, додека жената била задржана на лекување. Дежурниот лекар потврдил дека жената е сместена на интензивна нега, но дека животот не ѝ е загрозен.
- Пациентката е свесна, може да јаде и да комуницира со персоналот. Повредите со кои се здоби се тешки, но очекуваме брзо да закрепне. Посетите засега не се дозволени, но за неколку дена роднините и пријателите ќе можат слободно да ја посетуваат, потврдил дежурниот лекар во болницата.
Сепак, за тука да не биде крајот, непосредно по приемот на повредените љубовници, во болницата се случил скандал. Помлад господин дошол во болницата и се распрашувал за здравствената состојба на жената. Персоналот на болницата му соопштил на господинот на кое одделение се наоѓа повредената жена и потоа го замолил да ја преземе нејзината облека. Меѓутоа, меѓу женските работи, коишто ги преземал господинот, била и машката облека. Кога му објасниле дека работите му припаѓаат на нејзиниот сопруг, тој вчудоневидено рекол: „Јас сум нејзиниот сопруг!“.
Тогаш морале да му соопштат дека неговата сопруга е повредена во моментот додека во природа водела љубов со колегата од работа. Според тврдењата на извор, мажот се здобил со полесни повреди, пишува „Србијаденес“:
- Жената гола лежеше во тревата, додека мажот во моментот на ударот на громот беше на колена. Електрицитетот само прошол низ неговото тело, а потоа удрил во неговата гола колешка. Мажот имал повеќе среќа и се здобил само со полесни повреди, додека неговата партнерка има потешко повреди, му објасниле на сопругот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Галески: Отворено писмо до нашата генерација и изборот пред кој седиме
-
Орбан веќе разговарал со Трамп, за денеска се очекува и разговор со Путин за нивната средба во Будимпешта
-
МВР во недела ќе користи дронови за безбедно одржување на изборите
-
ФИФА: Продадени повеќе од еден милион влезници за СП2026
-
Герасимовски: Во Центар имаме фотодокументирани 10.000 дрвја во ГИС порталот, грижата за зеленилото на највисоко ниво
-
Штип, Кратово, Крива Паланка, Валандово меѓу 21 општина каде изборите би можеле да завршат уште во недела
-
Зеленски се надева дека динамиката на мирот на Блискиот Исток ќе помогне за завршување на војната во Украина
-
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните