Ја продаде невиноста на банкар за милион долари, а сега приказната доби друг тек

Француската студентка, која ја понуди својата невиност на онлајн аукција, тврди дека се вљубува во банкарот кому му ја продала невиноста за 1,2 милиони евра.
Портал за ескорт "Cinderella Escorts"" објави дека "паметен" и "успешен" банкар од Вол Стрит понудил 1,2 милиони евра за 20-годишната Јасмин, победувајќи ги конкурентите: диџеј од Лос Анџелес и магнат за недвижности од Минхен.
Парижанката тврди дека израснала во религиозно семејство и дека имала намера да се зачува до брак, но дека ја променила својата одлука за да собере пари за да започне сопствен бизнис и да патува по светот.

- Повеќето луѓе ќе бидат среќни да го заменат својот прв пат за милион, само да можат да се вратат во минатото – вели Јасмин.
Таа вели дека е радосна што ја продала невиноста и дека нејзиниот клиент ѝ се допаднал, иако во почетокот таа била малку нервозна.
- Тој беше вистински џентлмен и беше многу внимателен со мене. Јас нема да навлегувам во детали, но можам да кажам дека ќе се видиме повторно - вели Јасмин.
"Прерано е да се зборува за љубов, но ние си се допаѓаме и ќе видиме што ќе се случува в иднина", додава таа.
Дваесетгодишно девојче не ја исклучува можноста таа и нејзиниот "клиент" да патуваат заедно.

Агенцијата "Cinderella Escorts" може да се пофали дека "продаваат" десетици девици на истакнати клиенти, меѓу кои има и познати холивудски ѕвезди. Највисоката цена, наводно, била платена од бизнисмен од Абу Даби за една американка по име Жизел (2,5 милиони евра).
Во почетокот на април, една девојка по име Александра Кефрен (19) го критикуваше сајт, тврдејќи дека приказната на наводната "продажба", која ја пренесе целиот свет, всушност е само маркетишка реклама на компанијата.
Романката, која за време на аукцијата имала 18 години, тврди дека компанијата остварила контакт со неа на социјалните мрежи, и дека и кажале дека "маркетиншкиот потфат" ќе и помогне да ја забрзува кариерата на модел. Наводно и е ветено дека нејзиното семејство и пријатели нема да знаат ништо за тоа, но го направиле токму спротивното, користејќи ја за рекламни цели. Портпаролката на aгенцијата ја опиша Кефрен како "лажга", велејќи дека договорот кој требало да и донесе 2 милиони евра е раскинат откако дознале дека има дечко.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
