Ја пресретнал додека се враќала од училиште, ја влечел по трева па ја силувал - истрага за силување во прилепско
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 21 година, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „силување“.
-Осомничениот, на 13 септември, во непосредна близина на мостот пред селото Селце, со употреба на сила и сериозна закана присилил на обљуба 15-годишно девојче. Додека оштетената се враќала од училиштето кон нејзиниот дом, осомничениот ја пресретнал и почнал да ја следи, движејќи се зад неа. Во еден момент се приближил и започнал да ја допира, насилно да ја трга и да ја влече по тревата. И се заканувал да не вика, бидејќи ќе им се случи нешто лошо на нејзините најблиски. Под мостот извршил обљуба врз девојчето, кое постојано се спротивставувало, информираат од Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп поднел предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.
Ново на Сител
-

Долгот на граѓаните по основ на даноци кон Град Скопје е над 36 милиони евра
-

Мицкоски - Најт: Продлабочување на соработката меѓу институциите
-

Aвстралија официјално ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги
-

Земјотрес во близина на Кичево
-

УНИЦЕФ: Во Србија живеат 108.000 девојки и жени кои се омажиле пред да станат полнолетни
-

Авиолинија Скопје - Бодрум со „Изиџет“ од следното лето
-

Египет ќе користи вештачка интелигенција за борба против дезинформации
