Џет-Сет
28. January 2016 - 17:21

Ја прашале Џоли што ќе кажат децата кога ќе ги видат нејзините секс-сцени - Сигурно не очекувале ваков одговор!

Пред да стане борец за женските, животинските и правата на децата, пред да се омажи, роди и посвои деца, пред да стане симбол на моралот и мудрост, Анџелина Џоли имала доста бурен живот. Таа не се ни двоумела за да снима голи сцени кога било потребно.
 
Новинар од магазинот „People“ ја прашал како ќе реагира кога нејзините деца ќе дознаат и ќе ги погледнат сите нејзини филмови, поготово оние кои обилуваат со „жешки“ сцени, холивудската актерка одговорила смирено.
- Знаете што? Верувам дека моите деца веќе ги имаат видено тие филмови. Мислам дека како родители често ги потценуваме децата и додека разгледуваме кој начин е најдобар тоа да им го соопштиме, сфаќаме дека тие се веќе чекор пред нас, - објаснила Анџелина.
 
Атрактивната актерка со сопругот Бред Пит има шест деца, Медокс (14), Пакс (12), Захара (10), Силос (9) и близнаците Нокс и Вивиен (7).