Jа отрул сопругата со сладолед за да ужива со љубовницата
Дејвид Петис (64) ја отрул својата сопруга со помош на сладолед и дрога за да биде во врска со неколку години помлада љубовница.
Дејвид работел како возач на автобус во Чејн во Америка и е уапсен под сомнение дека ја убил сопругата Пеги Петис.
Тој на несреќната жена и дал сладолед во кој ставил мешавина од апчиња за деменција и алкохол. Пред судот се бранел дека таа не можела да ги голта апчињата, па редовно и ги мешал со сладолед.
Меѓутоа спроед доказите кои се презентирани на суд, тој го брзал токсикологот да му даде извештај, зошто веќе имал закажано кремирање на сопругата.
Тоа дополнително го засилило сомнежот дека ладнокрвно ја убил жената како и фактот дека Пеги потпишала нова полиса за осигурување според која нему по нејзината смрт би му припаднала поголема сума на пари.
Сепак факт што го „закопал“ е неговата јавна преписка на Фејсбук со својата девојка од училишните денови, што е означено како уште еден мотив за убиство.
Според изјавите на семејството на убиената, тој планирал да ја посети љубовницата само четири дена по смртта на сопругата.
Ново на Сител
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца
-
Историската патека на Мис Стон станува дел од туристичката понуда во прекуграничниот регион