Балкан
15. May 2017 - 11:48

Ја односоа тајната со себе: Ирена и Данило заедно скокнаа во смрт

Брачната двојка Ирена (74) и Данило (74) Шандор извршија самоубиство скокајќи од шестиот кат на зграда во Нови Сад.

Тие во зградата пред кратко време дојдоа како потстанари и живееја на шестиот кат. Тие двајцата се добростоечки, имаат стан во Нови Сад и куќа во Германија. Не можеа да живеат во својот стан, зошто таа зграда нема лифт, а со оглед на тоа дека Ирена беше во количка и многу болна, се преселија овде, раскажува една соседка.

Таа вели дека несреќниот Данило неодамна доживеал инфаркт:

-Имаат ќерка која е мажена некаде во Срем, но ги посетуваше редовно. Веројатно повеќе не можеа да ги издржат своите маки од разни болести да решија во смрт да одат заедно, како и што живееја - вели една соседка.

Соседите велат дека прво паднала бабата Ирена, а по неа Данило.

-Глетката беше ужасна. Страшно, не знам што да кажам. Цел живот живееја заедно и заедно отидоа на вечно почивалите. Болеста го направи своето, вели таа.