Ја намириса царинското куче: Швеѓанец падна на Блаце со 32 кила дрога
На граничниот премин Блаце царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за шверц на 32,5 килограми марихуанa.
Завчера, околу 20:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Блаце, пристигнало патничко моторно возило марка „Chraysler Voyager“ со шведски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Т. државјанин на
Кралството Шведска.
На прашање на царинските инспектори „дали има нешто да пријави за царинска контрола“, осомничениот одговорил дека нема ништо за пријавување.
Царинските инспектори се посомневале во одговорот и пред да пристапат кон детална контрола на возилото, го искористиле царинското куче кое детектирало присуство на наркотична дрога во возилото.
При прегледот на возилото, во специјално конструиран простор наменет за пренесување на дрога, затворен со метален поклопец, биле пронајдени вкупно 61 пакување наполнети со наркотична дрога марихуана со тежина од околу 32,5 кг.
Помеѓу опаковките било истурено кафе и ориз, додека бункерот бил премачкан со непозната течност, со намера да се прикрие миризбата на марихуаната.
Осомничениот за паричен надомест од 10.000 евра, со лица од Албанија се договорил да пренесе поголема количина на наркотична дрога од Тирана-Албанија за Малме –Шведска. Вредноста на запленетата марихуана на западно европскиот нарко - пазарот би достигнала цена од околу 100.000 евра.
Против сторителот, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
Сакала да му раскине, но добила закани од дечкото дека ќе сподели интимно видео
-
Кривична против 32 годишен охриѓанец, за сторено кривично дело измама
-
Уапсен 39 годишник од кичевско, со 1,80 промили алкохол во крвта управувал со возило
-
Израелски авиони погодија зграда во предградие на Дамаск
-
Од следната недела пад на дневните температури за 7 до 10 степени
-
Шмихал: Украина доби околу 1,7 милијарди долари во рамките на иницијативата на Г7 ЕРА
-
Почина ортопедот д-р Глигор Џолев
-
МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО