Ја изнајмувам куќата бесплатно, имам само еден услов кој е многу едноставен!

Викендица од соништата во село Враниќ, оддалечена околу 35 километри од Белград, со четири спални, два тоалета, овоштарник и џакузи - сопственичкатаго изнајмува бесплатно. Но постои само еден услов, а тоа е новиот станар да биде љубител на животни.
Имено, Зорка Кецман (62) од Белград одлучила да ја даде на бесплатно користење куќата, но за возврат бара новиот станар редовно да ги храни нејзините три кучиња и девет мачки и да им подари љубов на каква што се навикнати. Овој необичен оглас го поставила нејзината пријателка на својот Фејсбук профил.
-Имотот ко купив пред 10 години, зашто кога идев на посета кај пријателката, во село Враниќ, многу ми се допадна. Во текот на зимата живеев во Белград, но со нетрпеливост чекав да дојде пролет за да отидам во село. Останував таму до касна есен. Оваа куќа е градена и средувана со љубов и многу внимание. Не е изградена само во неа да се преспие, туку во неа да се живее, раскажала Кецман за српски Курир.
Поради болест на човекот кој го сака сега мора да ги остави имотот и животните кои ги има таму. Со сопругот, кој има тумор и кој е во тешка состојба, морала да се врати во Белград.
- Морам да се погрижам за животните..
Комфорната куќа се простира на 130 квадратни метри. Терасата има поглед кон зелена шума, ниви и викендици.
Зорка, која е пензионер и нема деца, очекува дека оној кој ќе се всели во куќата исто така ќе ги нахрани и нејзините миленици.
- Недвижната е мртов каитал. Мене материјално ништо не ми значи. Најважно ми е сега да бидам покрај човекот кој го сакам и да му помогнам колку можам. Но исто така морам да се погрижам и за овие животни кои заедно ги негувавме и сакавме, завршува Зорка.
Ново на Сител
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
