Ја избодел до смрт својата жена па побегнал- детали за грозоморното убиство што го потресе Гостивар
Маж на триесет и осумгодишна возраст вечерва се пријавил во полициската станица Чаир дека е извршител на убиството на скопјанката Сенада Р. (27) кое изутрината се случи во Гостивар. Од МВР информираат дека станува збор за Б. Г. (38) кој претходно било во вонбрачна врска со починатата, а од прибавените докази во текот на денот, скопјанецот е единствен осомничен. Тој во текот на вечерта по извршениот разговор ќе биде пренесен за Гостивар.
Според Гостиварското основно обвинителство причините за смртта на жената која беше пронајдена изутрината на крак на улицата „Иво Лола Рибар“ во Гостивар. По извршениот увид, јавниот обвинител утврди дека починатата има убодни рани по телото и дека станува збор за насилна смрт. Несреќната жена била неколку пати прободена со остар предмет во градите стомакот и вратот, најверојатно со нож. Телото е дадено на обдукција, а се вештачат трагите кои биле на местото на настанот.
Засега не се знаат мотивите за крвавиот настан утрово околу 8 часот. Јавниот обвинител информираше дека испитувајќи ги околностите, констатирано е дека починатата жена во последните пет месеци живеела во Гостивар каде се преселила од Скопје поради нарушени односи со партнерот од вонбрачната врска. По насока на јавното обвинителство, истражено е местото на живеење на поранешниот партнер на сега починатата, при што е пронајдено возилото и истото е дадено на вештачање. Тој доцна попладнево сам се пријавил во полициска станица Чаир, каде извесно време е задржан.
Ново на Сител
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната
-
Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ
-
Утре топло со температура до 38 степени
-
Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување
-
Жител на Пепелиште пријавил напад од три лица, напад и врз неговите родители и бабата