Свет
22. May 2018 - 16:45

Ја гледале кралската венчавка и мислеле дека живеат во бајка, па крвнички ја раскасапил до смрт: „Ја заклав девојката која ја сакав“

-Ја заклав девојката која ја сакав, рекол со вознемирен глас во неделата во околу 8 часот наутро 36-годишниот Иван К., стар познаник на полицијата. Тоа било телефонски повик во полиција, поради кој пред куќата во Гринтавечка улица во Загреб брзо пристигнале полицајци.
 
Глетката која ја затекнале во бањата ги шокирала. Три години постарата партнерка на Иван, Анита Н, била целата во крв поради повеќекратни повреди со нож. Нејзиното момче веднаш било уапсено и одведено во полициска станица на криминално истражување, а како што пренесува “Jutarnji List”, крвавото злосторство кое ја вознемирило целата населба, го извршил под видно дејство на алкохол.
 
Соседите во инаку мирната улица биле згрозени од тој чин. Не слушнале ни плач ни повици за помош, а дека нешто се случило дознале дури кога полицајците излегле од своите возила и отишле кон дворот на Иван и Анита.
 
-Ги видов вчера. Минуваа на улицата со болното куче, со кое живееја. Таа беше многу мила личност. Тој, пак, беше многу посебен лик. Во неа беше заљубен до уши. Таа во саботата кажа дека заедно уживале гледајќи ја кралската венчавка и дека тие двајца во мислите живеат исто така. Како во бајка. Потоа се случи злосторство. Преплашени сме. Никогаш не би помислила дека тој може да направи нешто такво, иако има криминално минато, рекла една нивна сосетка.
 
Друга сосетка за “24sata.hr” рекла дека во куќата на убиената повеќе пати доаѓале лекари и итна помош. Неодамна имала проблеми со дрога. Почнала да живее заедно со своето момче пред четири месеци.
 
Инаку, пред десетина години Иван К. бил уапсен бидејќи по судирот со своите татко и баба ја запалил сопствената куќа. Додека пожарникарите ја гаселе куќата, тој бил уапсен во автобус, поради напад на патниците. Притоа кај него била пронајдена и марихуана.
 
И после тоа имал проблеми со законот, кога ограбил продавница со маска од кловн. Со нож барал да му ги дадат парите, и притоа земал 3.500 куни.