-->
-->
Ја барале својата биолошката мајка две децении - Она што го нашле ги оставило во очај
-->

Двајца браќа, по речиси две децении, конечно дознале која е нивната биолошка мајка, и дека брутално е убиена само два дена претходно.
Близнаци Кертис и Луис Никл (19) од Ливерпул , се обиделе да ја најдат својата мајка преку Гугл на 30. септември минатата година.
Кога го напишале нејзиното име на Гугл, дознале дека пред два дена таа била брутално убиена. Телото на 42-годишната жена со видливи повреди на главата е најдено на улица во Ливерпул на 28. септември.
Нејзиното име, Максин Шоверс, го дознале од жената која ги посвоила. Таа ги дала близнаците на посвојување, бидејќи немала услови да ги чува.

- Како можевме да бидеме толку блиску, а да ни биде се така сурово одземено? Барем да имавме прилика да и кажеме дека ја сакаме и дека никогаш не сме биле лути на неа зошто не дала на посвојување, - рекол Кертис на судењето.
Мајк Вилијамс (29) е осуден на доживотен затвор за убиството на нивната мајка.
- Не посто извинување, кое ќе ја врати назад нашата мајка. И да си се покајал, ние тоа не го прифаќаме, - изјавило момчето.
Тој подоцна на Фејбук напишал дека знае дека нивната мајка била горда на совите деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанската влада ќе ги обнови опожарените куќи, а ќе ги обештети и земјоделците
-
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична против лице од Скопје
-
Приведена скопјанка поради криумчарење шест мигранти од Египет
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина