Извршена втора трансплатација на коскено ткиво кај четириесетгодишна штипјанка
На Клиниката за Тоарилуц, днеска е направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот преку својот фејсбук профил објави дека станува збор за сложена операција кај 40-годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска, а поради незараснување на скршеницата имала потреба од трансплатација на коскено ткиво.
Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеца беше трансплантирана коска кај млада пациентка која се лекува од малигна болест на коските.
Филипче искажа благодароност до семејството на донорот за нивниот хуман гест и до тимот на лекари кои ја направија трансплантацијата, а на пациентката и посака брзо опоравување.
Ново на Сител
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот