Извозот во првите пет месеци поголем за 7,3, а увозот за 6,3 отсто

Извозот во периодот јануари - мај годинава е зголемен за 7,3 проценти, а увозот за 6,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во тој период вкупната вредност на извозот на стоки изнесувала 104.714.309 илјади денари, а вредноста на увезената стока била 148.981.374 илјади денари.
Трговскиот дефицит изнесувал 44.267.065 илјади денари, а покриеноста на увозот со извоз е 70,3 проценти.
Во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во овој период најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.
Ново на Сител
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
