Извозот во осумте месеци забележал раст од 24,3 отсто
- Вкупната трговска размена со странство во периодот јануари-август 2018 година изнесува 10.314.611 илјади американски долари, од што вредноста на извозот изнесува 4.428.642 илјади долари, а увозот 5.885.969 илјади долари, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоците извозот забележал раст од 24,3 проценти, а кај увозот 21,5 проценти.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2018 година, изнесува 1.457.327 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извоз, изнесува 75,3 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-август 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија
Ново на Сител
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
-

Онлајн радикализацијата како безбедносен проблем: Како се одвива екстремистичкото регрутирање
-

Стан во Аеродром за 166 500 евра, куќа во Центар 1,5 милиони евра - пазарот на недвижности во подем
-

Истрага за злоупотреба на боледувања се води и во МВР - за Тошковски виновни се лекарите
