Извозот кон Германија порасна за речиси 15 проценти
Расте стоковата размена помеѓу Македонија и Германија. Во првите седум месеци од годината размената се зголемила за 14,4%, при што извозот од Македонија во Германија пораснал за 14,8%, а увозот за 13,4%.
Македонија е меѓу ретките земји кои имаат трговски суфицит со Германија, во која во периодот од јануари до јули извезла производи вредни близу 1,3 милијарди евра. Увозот за истиот период е 488 милиони евра.
Меѓу најголемите чинители во извозот се фабриките на германските инвестититори од индустријата за автомобилиски компоненти и чии најголеми клиенти се токму германските автомобилски брендови.
Со германскиот министер за економија денес средба имаше партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски кој со Герт Милер разговарал за дополнително интензивирање на економските односи.
ТОНСКО Александар Николовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Меѓу најголемите германски инвестиции во Македонија се тие на Дрекслермаер, Маркард, Техникал Текстајл, Акомпласт, Костал , ОДВ, Кромберт и Шуберт.
Најновите податоци за германската економија, која е најголем трговски партнер на земјава, доаѓаат од извештајот на истражувачката компанија Маркит, кои покажуваат намалување на нарачките, на ниво најниско од јануари 2015.
Александар Николовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа
Стокова размена со Германија јануари – јули 2016
Извоз 1 284 201 000 евра 14,8%
Увоз 488 000 000 евра 13,4%
Извор ДЗС
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
